Шеснаесет годишно момче е тешко повредено откако синоќа околу 2 часот во него удрил автомобил „Матиз“, на улицата „11 Октомври“. Автомобилот управуван од Д.Т. (30) удрил во момчето.
Поради тешките повреди истиот бил веднаш пренесен во Ургентниот центар каде е задржан на понатамошно лекување.
Неофицијално момчето се здобило со фрактура на черепот.