Српската актерка Радмила Живковиќ е повредена во сообраќајна несреќа, кога руски државјанин во центарот на Будва удрил во „Форд Фокус“ во кој се наоѓала актерката и уште две лица.
На актерката и други две лица, кои се повредени во несреќата им е укажана лекарска помош, а на 43 годишниот Анатолиј му е одреден 30 дневен притвор поради загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Други детали не се соопштуваат.