На состанокот на централниот одбор на СПЦ, а на предлог на патријархот Иринeј, СПЦ го осуди затворањето на Вранишковски и бара од БЈР Македонија итно да го ослободи.
Во писмото Српската православна црква Македонија ја ословува како ,, Поранешна Југословенска Република Македонија,,
СПЦ испратило писма и до високиот преставник на Обединетите Нации за човекови права, специјалниот извештувач на ОН за слободата на вероисповест и до претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, пренесува српски Телеграф.
Во записникот од состанокот, објавен во целост на сајтот на СПЦ се потсетува дека Јован е уапсен додека влегувал од Грција во Македонија на 12 декември минатата година, дека обвинението против него е неосновано и дека Апелациониот суд го осудил во отсуство без право на одбрана, на две ипол години затвор.
СПЦ констатира дека прогонот сега е проширен со застрашување на членови на неговото семејство и информативни разговори и сослушувања на монаси од Православната охридска архиепископија. Според СПЦ, Македонија претела дека ѓе им биде одземен имотот, а на Јован му било ускратено правото на посети и комуникација со надворешниот свет.