Српски бизнисмен нуди милион евра за главата на Морина кој го внесе дронот во Белград


Српскиот портал „Ало“ пренесува информација во која се вели дека српски бизнисмен од Чикаго нуди еден милион евра на сицијалнската мафија за главата на Албанецот кој на 14 октомври постави мало беспилотно летало на покривот на цркавата крај стадионот на Партизан и предизвика хаос на натпреварот Србија-Албанија.morina

 

Српската полиција непосредно по инцидентот утврдила дека, најверојатно, станува збор за Исмаил Морина (32) кого го снимиле камерите од блискиот интернат на Воената гимназија.

Условот што бизнисменот го поставил на Италијанците е Морина да го фатат жив и здрав и да го предадат на неговите луѓе во Чикаго.

Предците на тој српски бизнисмен емигрирале од Србија во Илиноис по Втората светска војна. Тие биле припадници на четничкото движење и учествивале во борбите во текот на Втората светска војна, открил анонимен извор на „Ало“.

Што се однесува до главниот осомничен, Исмаил Морина, не се знае каде се наоѓа во моментот. Се претпоставува дека се криел некое време на Апенините затоа што бил од Фиренца, а поседувал и албански и италијански пасош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1