Српскиот народен правобранител Саша Јанковиќ на прес конференција ја обвини српската Воена безбедносна агенција дека ги шпионира граѓаните, политичките партии, лидерите на синдикатите и одредени судии без судски налог, објави Блиц.
– Постојат докази дека се следеле комуникациите на одреден број граѓани без налог и судско одобрение – изјави Јанковиќ.