Српскиот актер педофил избега во Африка


Горан Јевтиќ, кој е обвинет за силување на дете од Сомбор, според негов близок пријател, извесен период ќе биде во Африка, пишува српски Курир

Актерот Горан Јевтиќ (37), против кого е поднесена кривична пријава под сомнение дека на крајот од јуни минатата година, во тоалетот на Народниот театар во Сомбор, принудил на сексуален однос 14-годишно момче. Тој однапред знал дека се подигнува кривична пријаца и затоа ја напуштил Србија, неофицијално дознава Курир.goran jevtic

Според сознанијата на весникот, пред неколку дена ја напуштил земјата и заминал во далечната Африка, каде што неколку месеци ќе живее изолирано од цивилизација во едно племе.

„Горан знаел што му се подготвува и одлучи да ја напушти земјата. Неколку дена пред медиумите да ја дознаат информациијата дека против него ќе биде подигнато обвиние. Тој одлучи да оди во Африк, на неколку недели, во целосна изолација. Претходно правеше слични нешта кога беше на крстопат во животот„ вели за медиумот – пријател на Јевтиќ, кој сакаше да остане анонимен.

Изворот посочува дека Јевтиќ многу патувал и еднаш бил во Африка.
„Пред неколку години тој беше таму цело време и остана да живее со едно племе. Тој не можеше да комуницира со нив оти не знаеја англиски, но се користи со движење и музика.

Ова негово патување не е бегство, тој ќе се врати во Белград во октомври, кога се почнат неговите обврски„ вели соговорник.

Според него, на актерот му било многу тешко, особено кога дозна за постапката против него и дека тој може да биде осуден на затворска казна.

„Разочаран е од она што го пишуваше во дел од медиумите, но тој е сигурен дека на судот ќе докаже дека не е виновен. Тој на сослушувањето рекол дека никој со слика не го терал да биде со него. Актерот со години е во врска, а живее со својот партнер„ вели соговорникот.

Курир и вчера се обиде да стапи во контакт со Горан Јевтиќ, но биле информирани од операторот дека неговиот број не е достапен.

Горан Јевтиќ е обвинет за обљуба врз немоќно лице и забранети полови дејствија, поради што му се заканува максимална казна до 10 години затвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1