Добила рак на само 23 години – не верувала, па не отишла на лекар по првите симптоми


Саша Фарел со само 23 години добила рак. Сега ви открива што придонело за таа да ја добие оваа тешка болест и ве опоменува да не го направите истото. Ви пренесуваме само дел од нејзината исповед која што таа ја објави веб страницата Elite Daily.

“Во месец февруари оваа година ми беше дијагностициран меланом кој метастазирал во четврти стадиум. Никогаш не сум ни сонувала дека тоа е нешто со што ќе се соочам со само 23 години. Еве ме, речиси дипломирана и живеам во истата соба во куќата на своите родители каде што и пораснав. Отсекогаш бев прилично внимателна кога се работи за сончањето. Само еднаш сум била на солариум.sasha-farell-melanom-01-630x630

Една и единствена бемка на мојата глава промени сè.

Го одложував одењето на доктор бидејќи се плашев од изостанокот од работното место, сè додека не ми кажаа дека повеќе не смеам да одложувам.
Чувствував дека со моето тело едноставно нешто не е во ред. Многумина го немаат тој луксуз сè додека не е предоцна.

Се плашев. Не од игли и скалпел, туку од резултатите. Дали ќе живеам доволно долго за да имам деца?

Операцијата која што требаше да трае три часа – траеше седум. Ми ги отстранија сите 69 лимфни жлезди од мојата лева страна на вратот. Во четири од нив веќе се развил рак.

После опомената која што ја напишав за амбулантата на мојот онколог, а тие ја изложиле, ми јавија дека имале најмногу повици за преглед до тогаш.

Се надевам дека ова ќе им помогне на сите за да решат навремено да побараат лекарска консултација и преглед.

Само еден од пет американци ќе добие дијагноза рак на кожата еднаш во својот живот.Чувајте ја својата кожа, бидејќи нема можност за да добиете друга”, порачува оваа млада и храбра девојка.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1