Стаклена пирамида откриена во центарот на Бермудскиот триаголник


Бермудскиот триаголник, најголемото мистериозно место, некогаш и смртоносно, со децении било цел на истражувачите, кои сакале да го откријат лавиринтот на мистерии скриени длабоко во ова енигматско место на Земјата.
Некои шпекулираат дека бизарните временски аномалии, исчезнувањата и чудните феномени може да бидат објаснети со природните појави. Други инсистираат на моштите на напредната непозната култура, која оставила зад себе фантастична технологија, големи енергични машини кои буквално го искривуваат просторот и времето и отвораат порти во други реалности.

piramidaАмерикански и француски истражувачи биле сведоци на монументално откритие, на делумно проѕирна, кристална пирамида, која се издига на морското дно од Карибите, чие потекло и возраст засега остануваат непознати.
Ваквата пирамида според некои инжинери е доказ дека тие биле првично замислени како масивни извори на енергија, доказ и за постоењето на античкиот-град држава Атлантида и одговор за мистериозните случувања кои се снимени во 19 век во регионот наречен Бермудски триаголник.
Според историјата пирамидата била случајно откриена во 1968 година во еден регион во близина на Бахамите, познат како јазикот на океанот. Ова име е добиено поради формата на морското дно од самиот остров па се до длабочините во океанот.

Истражувачите имаат теорија која што говори за чуден извоз на енергија која што ја има во дното на океанот, која што влијае на авионите бродовите и чамците. Доколку легендарниот град Атлантида навистина постои, остатоците од неговата митска енергија се сеуште недопрени на дното на океанот.

Пирамидални структури се октриени во голем дел од светот. Во Северна, Централна и Јужна Америка. Источна Европа ледената тундра на Сибир, Северна и Централна Кина, а можеби и на Антарктикот. На Јужниот Пол пирамидата не може да се потврди поради тоа што е длабоко, речиси еден километар, под мраз, сликите од истата се контроверзни.

Giant-Crystal-Pyramid-Discovered-In-Bermuda-Triangle-1

Пред многу години, мистериозни урнатини, остатоци од некоја непозната култура биле откриени во еден мал остров наречен Малден во средината на Тихиот Океан. Урнатините се покажале како остатоци од античка пирамида.
Верниците во древната земја на Лемуриа (исто така наречена MU) сметаат дека урнатините би можеле да бидат оставени од античките народи, додека други шпекулираат дека тоа би можел да биде и дело на бастион колонија на Атлантида.

Многубројните истражувања и пронаоѓања на ваквите фантастични дела, говори за култура стара повеќе од 50,000 години и целата оваа земјишна маса била пренесувана од страна на цивилизација, која немала проблем со движење на огромните камења за да изградат волку големи комплицирани градби.

Сепак никој не дискутира за ова бидејќи не можат да ја разберат тогашната човечка раса и нејзиното потекло. Научниците имаат дифузни теории за тоа како емигрантите пристигнале во Северна Америка употребувајќи го копнениот мост на Берлинскиот Стрејт.

pyramids_under_waters_cuba_discovered_scientists_paul_weinzweig_pauline_zalitzki_ruins_of_ancient_buildingsИстото може да се рече и за урнатините на Карибите кои укажуваат на голема цивилизација која се протега од крајбрежните води на Флорида кон Бахамите, преку Бимини, па се до истокот во Атлантикот.
Куба има премногу подводни урнатини во близина на нејзиниот брег кои можеби бил дел од истиот комплекс на град-држава.

Според некои теории градот Атлантида бил целиот направен од кристали, додека нивните врвови содржеле некаков вид на кристална супстанца која што дистрибуирала некаква енергија.

Експериментаторите откриеле пред неколку децении дека пирамидите би можеле да дејствуваат како природен електричен кондензатор, за собирање и складирање на енергија околу нив. Поголемите пирамиди имаат поголем капацитет да собираат еергија, а меѓу другото и самиот состав на пирамидата е важен исто така. Доколку самите врвови на пирамидата се направени од кристал, тогаш таа пирамида може да апсорбира поголемо количество на енергија. Ваквите тврдења до неодамна теоретичарите ги поткрепуваа со фактот дека некои од пирамидите се испразнуваа испраќајќи големо количество на енергија во вселената. Во крајна линија? Пирамиди се суштински природни генератори на енергија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1