Стари верувања: Како да ги задржите парите во куќата


За парите што сте ги заработиле да ја засакаат вашата куќа, тој ден кога ќе добиете плата немојте да потрошите ниту еден денар, верувале нашите стари.stedi za stan

1. Кога да зајмите пари или да барате зголемување на платата
Зголемување на платата треба да барате во текот на денот. Не зајмувајте пари на пријателите или на роднините во вторник. Според верувањата, наутро треба да давате и да зајмувате, затоа што било какви операции со пари кои ги правите навечер водат во пропаст. Трудете се никогаш да не барате заем, а почесто да им давате пари на тие што бараат од вас , бидејќи на тој начин ќе програмирате да ви ги врати парите на начин што вам ви одговара.

2. Платата треба да преноќи
За парите што сте ги заработиле да ја засакаат вашата куќа, тој ден кога ќе добиете плата немојте да потрошите ниту еден денар. целата сума би требало, според верувањата, да преноќи во вашиот дом.

3. Што не му се дава на заем на соседите…
На соседите не треба да им се позајмува леб или сол бидејќи паричната сигурност може да го напушти вашиот дом и да отиде во домот на соседите.

4. Домашни правила за полн буџет
Нема да има пари во домот ако свиркате во собата и трошките од масата ги собирате со рака.

5. Кога џебовите носат пари
Џебовите на облеката што  виси во плакарот наполнете ги со ситни и хартиени банкноти. Парите не сакаат скинати џебови или испаднати копчиња.

6. Старо верување за металите

За во домот да има пари, метлата треба да ја поставите со рачката надолу.

7. Направете триаголник од 10 денари
Во најмалата преграда од паричникот чувајте банкнота од 10 денари свиткана во триаголник. Исто така во паричникот треба да носите и среќна монета-првите заработени пари или пари добиени од добар човек. Таа банкнота не треба да ја трошите-таа е талисман за финансиска сигурност. Во спротивно, парите може да се налутат и да не доаѓаат во ваши раце.

8. Чувајте монети
Немојте никогаш да го оставате паричникот сосема празен. Во него нека има барем по некоја паричка. Сите пари мора да бидат со главата свртени кон сопственикот.

9. Не крадете ја туѓата среќа
Парите добиени на коцка, заработени нечесно, најдени или скинати, не носат среќа и затоа не треба да се задржуваат во вашиот паричник. Поделете им ги на сиромашни или брзо потрошете ги.

10. Чувајте крупна банкнота
Во куќата или во станот треба една година да чувате крупна банкнота, која ќе се наполни со ваша енергија и ќе почне да привлекува пари.

Kurir.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1