ВИДЕО: Неподвижна тетовчанка вратена од клиника и оставена во бессознание


Веќе неколку дена 52-годишната Нина Диму, лежи во бессознание на подот од руинирана соба, во која живее 15 години. Таа е неподвижна. Поради неухранетост, здравствената сосотојба секојдневно и се влошува. Едвај има 20 тина килограми. Неконтролирано ги извршува физиолошки потреби, јавува Телма.

Диму нема семејство. За неа соседите водела грижа се до пред еден недела, кога нагло и се влошило здравјето. Побарале помош од тетовската болница, од каде во неколку наврати како што кажуваат соседите, одбиле да и пружат здравствена нега.

tetovo_bolna_zena

Во неделата, Тетовската брза помош на 52 годишната пациентка и пружиле првична помош, но утредента околу 21 часот, Диму во бесознание со амбулантно возило била вратена во својот дом, велат соседите

Од Брзата помош во Тетово, изјавија дека Диму уште во неделата била предадена да се лечи во Клиничката болница во Тетово.
Директорот на Клиничката болница Флорим Бесими, известува Телма, одбил да даде образложение зошто Нина, како што кажуваат соседите е вратена дома во бесознание, без да биде хоспитализирана и излечена. Тој накусо на новинарската екипа на Телма и рекол да ја напушти болницата.

Сторијата на Телма како и видеото  ТУКА

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1