Старица од Гевгелија преживеала хорор: Разбојници ја прскале со солзавец и ја тепале


Синоќа по полноќ во Гевгелија на ул. „Ѓоко Тутушев“, во куќа сопственост на М.Г. (74), непознати маскирани лица извршиле разбојништво.

Имено, сторителите тропале на прозорот и на влезната врата, по што М.Г. отворила, а сторителите со спреј солзавец ја совладале и ја легнале на подот.tepacka3

Сторителите ја удирале со шлаканици по лицето и барале од неа да каже каде се наоѓаат парите и златните предмети. Откако истата почнала да вика и да бара помош сторителите ја напуштиле куќата.

Заради проблеми со очите предизвикани од спрејот М.Г. била пренесена во Општа болница-Гевгелија, каде и е укажана лекарска помош и е задржана на надгледување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица-Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1