„Старо донеси, ново однеси“ – кампања за замена на неисправни со нови апарати


Граѓаните имаат интерес да го отстранат од своите домови електронскиот отпад. Од почетокот на годината ова прашање во Македонија е и законски регулирано и има лиценцирани компании кои постапуваат со електронскиот отпад. Засега не постои статистика колку во земјава има електронски отпад, но некои истражувања покажуваат дека скоро секое семејство дома има апрат кој стои покрај тој што го користи во секојдневието.aparati domakjinstvo otpad

Од почетокот на годината со закон е уредено дека електричната и електронската опрема организирано треба да се собира и не смее да се фрла со другиот отпад. Сите производители и увозници на електрична и електронска опрема треба да се организирани како колективни постапувачи, самостојно да го собираат или да плаќаат одреден надоместок со кој ќе се покријат трошоците за собирање на отпадната електричан опрема. Граѓаните, пак, имаат право бесплатно да остават стар електричен уред на продажните места.

Во насока на реализација на законските одредби, а излегување и во пресрет на граѓаните и за зачувување на животнат средина, компаниите „Техномаркет“ и „Нула отпад“ од Скопје почнуваат со акција пшод мотото „Старо донеси, ново однеси“ во која во наредните 30 дена ќе соберат електронски и електричен отпад од домовите на граѓаните кои за тоа ќе се пријават во компаниите.

Александар Медарски, раководител на малопродажба во „Техномаркет“ вели дека ова е еколошки проект кој има и хуманитарен карактер и е од заеднички интерес за сите.

– Ова е уште една акција во низата која ја преземаме, а овојпат во соработка со компаникајта „Нула отпад“, со која сакаме да дадеме сопствен придонес во заштита на животната средина и да им овозможиме и на граѓаните да придонесат во зачувување на животната средина и воедно да им помогнеме да се ослободат од стариот електричен и електронски отпад, изјави Медарски.

Во акцијата се вклучени и светските брендови Панасоник, Филипс, Мулинекс, Крупс, Тефал, Ханза, Бош, Нео и Електролукс.

Марјанчо Дамески, управител на „Нула отпад“, истакна дека акцијата е во согласност со нивната задача да ги потикнат граѓаните да размислуваат еколошки и да ја спроведат нивната замисла за зачувување на животната средина.

Во земјава има пет-шест компании кои имаат лиценци за постапување со електронски отпад, со задача да го одвојат електронскиот отпад од пластиката и железото кои можат да се рециклираат во земјава, а електронскиот се извезува во странство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1