Ставила фотографија од Николас Кејџ во CV и добила две понуди за работа!


Што ќе се случи ако на вашата работна биографија и во мотивациското писмо ставите смешна фотографија од позната личност? Ова на своја кожа го почувствувала 20-годишна Ванеса Хојда од Канада.

 На почетокот на јули, Ванеса испратила електонска пошта на универзитетот „Јорк“ каде конкурирала за работното место адниминистративен асиситент.

Но, се случил мал лапсус. Наместо да стави своја фотографија во биографијата и мотивациско писмо, Ванеса случајно ставила од актерот Николас Кејџ како се смее.

Оваа, во деловниот свет, катастрофална грешка, најпрво ја засрами младата девојка но во исто време ја направи позната на интернет.

Таа си доби 1000 нови следбеници на „Твитер“ и најнеочекуваното, две понуди за работа.

За оваа симпатична грешка се интересирале и пишувале многу медиуми во Канада, а девојката го дала и своето прво интервју за радио од Торонто.

Сега Ванеса Хојда размислува која понуда за работа да ја прифати ! J

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1