Стевче Јакимовски во преговори со ВМРО ДПМНЕ за коалицирање


Градоначаникот на општина Карпош, Стевче Јанакиески истакна дека денеска започнуваат разговори со ВМРО-ДПМНЕ за можна соработка во Советот на општината.
jakimovski1„СДСМ се откажува од можна соработка и од свој придонес во раководењето со oпштината Карпош и тој простор му го отстапува на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека во изминатиот временски период тие покажаа подготвеност за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ  и за соработка во Советите во Кичево и во Струга, но очигледно дека најголем непријател во овој пост-изборен период  сум  токму јас.
Јас искрено жалам што тие носат вакви одлуки, но ние во интерес на граѓаните мораме да бараме политички сојузници а не политички противници и Советот да фукционира беспрекорно.
Сакам да ја известам јавноста дека денес ќе отпочнеме разговори со ВМРО-ДПМНЕ за можна соработка во Советот на Општина Карпош“, посочи Јакимовски.
Тој појасни дека во изминатите десет дена, се потрудиле да остварат средба и соработка со СДСМ за можно понатамошно делување во Советот на Општина Карпош.

sdsm-vmro

„За време на  целиот изборен  циклус,  СДСМ водеше валкана кампања кон мене. Очигледно имаше и такви аналитичари што препорачуваа одредени луѓе што ја напуштиле оваа партија  да се вратат назад, на што побрза  негативно да одговори оној што го доживеа најкатастрофалниот пораз во оваа изборна кампања, коментираше Јакимовски.
Тоа е господинот Андреј Петров, кој  пак, не најде доблест каква што имаше господинот Зекири, поради изборниот дебакл да си поднесе оставка. Напротив,  тој продолжува и понатаму да ја крои политиката во СДСМ„“, образложи  Јакимовски.
jakimovskiНа прашањето за лидерската функција во СДСМ и можниот нејзин  наследник, Јакимовски изјави: „Кога се работи за изборот на новиот лидер на најголемата опоцизиона партија јас неможам да дадам точна проценка кој има најголеми шанси.
Сакам јасно да и соопштам на јавноста дека ниту посакувам ниту пак имам намера да се вратам во СДСМ, без разлика кој ќе биде лидер во таа партија. Можна е само политичка соработка со што сакам да истакнам дека и понатаму ја оставам отворена понудата до СДСМ за заедничко делување во Советот на Општина Карпош“.
автор: Нетпрес

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1