Стигна и официјално барање на Трибуналот – Шешељ мора да се врати во Хаг


Во Министерството за правда во Србија стигнал допис од Хашкиот трибунал за враќање на лидерот на Српската радикална партија и хашки обвинет Војислав Шешељво таа институција, велат од тоа Министерство. Лидерот на радикалите повтори дека нема доброволно да се врати во Шевенинген, но дека нема ни да бега.seselj

Премиерот на Србија Александат Вучиќ рекол дека по добивањето на барањето на Судскиот совет на Хашкиот трибунал за враќање на Шешељ во притворска едници, Владата ќе постапи по законот на Србија и во согласност со меѓународното јавно право.

Седум месеци од враќањето од Хаг, Војислав Шешењ  наскоро повторно би можел да се најде во ќелија во Шевенинген. Меѓутоа, остана нејасно како Судскиот совет на Хашкиот трибунал донел одлука за враќање на Шешењ, без изјаснување на Судoт кој му суди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1