Стигна во Судот обвинението за терористите од „Дива Населба“


Терористи организирани заради непријателска дејност и создавање на чувство на несигурност и страв кај граѓаните. Криминалната група која во Куманово ја предводеше Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО, обвинителството за организиран криминал ја прогласи за терористичка организација и сите ќе ги гони за  тероризам.teroristi predavanje1-500

Денеска до Скопскиот кривичен суд стигнало обвинението против 29 те уапсени по крвавите случувања во кумановската „Дива Населба“, од 9 и 10 мај. Завршија во притвор откако го положија оружјето и име се предадоа на Тигрите и ЕБР. За нив обвинителството побарало продолжување на притворот, еден од групата се уште е во затвор во Косово, македонските органи на прогонот чекаат негова екстрадиција.

Обвинителството за организиран криминал на обвинетите на товар им става две кривични дела „терористичка организација “ (член 394-а, став 1 од Кривичниот законик), за што им се заканува затворска казна од најмалку 8 години, и за „тероризам“ (член 394-б, став 1) каде Кривичниот законик предвидува  казна од најмалку десет години до доживотен затвор.

Во текот на истражната постапка, обвинителството,  од кривичен прогон ослободи еден осомничен, за него немало никакви докази дека бил дел од криминалната група.
Минатиот месец обвинителството за организиран криминал, ја прошири истрагата за уште 10 мина, осомничени дека биле јатаци на криминалната група која отвори оган врз специјалците во Дива Населба. Од нив тројца се во бегство.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1