Бомбите не се докази – Кривичниот суд ги отфрли жалбите на обвинителите


Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги отфрли жалбите на обвинителите и ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка со којашто прислушуваните материјали се отфрлаат како неосновани.g_osnoven-sud11

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на ОЈО – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка за издвојување на доказите од списите на предмети на обвинителството се одбиваат како неосновани и решенијата на судија на претходна постапка со кои се издвојуваат докази – аудио записи од телефонски разговори и транскрипти од истите се потврдуваат“, соопштуваат од Судот.

Оваа одлука на кривичниот следува откако Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен да одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство во Скопје кои беа поднесени откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да ги отфрли како неосновани докази прислушуваните материјали што ги објави опозицијата во коишто наводно се вмешани високи владини функционери.

Кривичниот суд ги отфрли прислушуваните материјали како докази бидејќи биле незаконски прибавени, на барање на адвокатот на премиерот Никола Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1