Стоковната куќа „Мост“ во скопската чаршија станува универзитет.
Во неа се сели Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) од Тетово кој држи предавања и во Скопје. Веќе има 900 студенти, а според најавите од годинава ќе бидат воведени и докторски студии на ЈИЕУ во Скопје, пишува Фактор.мк.
Не случајно се наоѓа во објект што се викаше „Мост“ зашто ќе ги интегрира Македонците и Албанците и ќе ги обедини во нивното знаење и во желбата за наука.
На првото рангирање на универзитетите во Македонија пред две години, Универзитетот на Југоисточна Европа попознат како Штулов универзитет, беше на второ од 19 места.