,, Столе е играч, но и човек со м….а и карактер како Шар Планина, прав патриот…,,


Во последните десетина години во очи на секој натпревар против Македонија не се плашам искрено ниту од Кире Лазаров, ниту од голманот Ристовски, не се плашев ниту од Миркуловски, ниту од Наумче Мојсоски додека играа иако беа одлични играчи, а не се плашам ниту сега од младиот Манасков, ниту од тренерот Раул Гонзалез. Најмногу секогаш се плашам од Стоилов, пишува во колумната за Balkan handball, Младен  Милетиќ, уредник во хрватскиот весник “Вечерњи лист”.

Знам имало и поголми пивоти на овие простори од тој херој од Вардар, но Стоилов е повеќе од она “имаше шут 4-5 и избори три седмерци”, вели во текстот Милетиќ.

Кога Столе го претрчува теренот,салата се тресе, кога ќе ја забие онаа негова шрауба од зглоб, стакла пукаат, кога онаков со брада ќе дигне рака и ќе се викне кон навивачите, децата плачат и дури ако не те занима кој ќе победи, почнуваш да навиваш за Македонија или Вардар. Тоа е играч, но и човек со м….а и карактер како Шар Планина, прав патриот, урбана легенда. Да сум сопственик на клуб ќе го барам Стојанче за да му купам златно ланче, пишува Милетиќ.

Инаку хрватската репрезентација е во група со Македонија. Утре тие треба да го одиграат меѓусебниот натпревар на Светското првенство во ракомет во Германија. Целата колумна на Милетиќ може да ја прочитате на овој линк.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1