Иако мажите мислат спротивно, жените секогаш забележуваат кога некој им гледа во деколтето.
Една компанија направи експеримент и стави камера во градникот на една жена која доброволно се прошета во Лондон со огромно деколте.
Се очекуваше дека секој маж ќе „фрли“ поглед, интересно е како некои од нив владеат посебни техники на суптилно гледање во деколте, а кои камерата ги сними. Интересно е дека и жените гледаа, сепак некои беа згрозени од глетката.
Оваа кампања е осмислена да ги потсети жените да одат на редовни прегледи на гради, со што би спречиле појава на рак на дојка.