Дваесет и едногодишната австриска атлетичарка Кира Грунберг остана парализирана од половината надолу по несреќниот пад на тренинг, објави Австрискиот олимписки комитет
Грунберг на тренингот во скок со стап наместо на душекот паднала покрај него и при падот завршила со скршена карлица и повреда на рбетот. Атлетичарката била подвргната на итна операција за да се избегнат потешки последици.