На магистралниот пат Ниш-Скопје, околу два часот по полноќ се случила страотна сообраќајка во која младо момче за жал го загубило животот.
Според податоците на српскиот Курир, 21-годишниот З.Ш. веднаш им подлегнал на повредите, додека пет лица се повредени и итно пренесени во болница.
До несреќата дошло кога се судриле Фиат пунто и Форд Мондео со германски регистарски ознаки. Еден од тешко повредените бил итно опериран во болницата во Врање.
Исто така, едно од повредените момчиња е во животна опасност.
Полицијата ги утврдува причините за несреќата во која згасна млад живот.