Во тешка сообраќајка која се случила во раните часови денес во Штип загина едно лице, а четири се повредени.
Несреќата се случила на илицата „Гоце Делчев“ кога дошло до судир меѓу „БМВ Х5“ управувано од Турчинот О.Х.(21), со привремен престој во Македонија, и такси возило „Фолксваген Венто“ во кое се наоѓале возачот и четворица патници.
Во несреќата на лице место загинал возачот на таксито 46-годишниот Ванчо А., а со повреди се здобиле патниците кои биле во неговиот автомобил.
Двајца од повредените се пренесени и задржани во болница. Според информациите на Курир меѓу нив е и бремена жена која поминала со полесни повредени. Другите двајца повредени по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид.
Kurir.mk