Четириесет и двегодишниот Зоран С. од Прилеп претпладнево загина во тешка сообраќајна несреќа во центарот на Прилеп, кај кружниот тек.
Сообраќајката се случила кога се судриле автомобил “фијат добло” и мотор.
Од силината на ударот и автомобилот и моторот се запалиле. Автомобилот го управувал З.Н. , а моторот Зоран С. кој загинал на местото на несреќата, јавува Нова Македонија.
Причините за сообраќајката се уште се утврдуваат.