Три лица загинаа во сообраќајна несреќа која вчера се случила во Србија, кај Крушевац. Пожарникарите морале да го сечат автомобилот за да ги извадат телата.
Во несреќата, како што пишуваат српските медиуми загинале Г.Ј. (42), Д.С. (41) и Д.М. (45), додека со тешки повреди се здобила 34 годишната Ј.И. која била пренесена во Ургентниот центар во Белград.
Несреќата се случила кога автомобилот „Фиат“, во кој се наоѓале загинатите и повредената, претекнувал, по што директно се судрил со камион.
Српските медиуми пишуваат дека тројцата загинати биле вработени во Безбедносната информативна агенција (БИА) на Србија.