Уништен автомобил, крв, расфрлени лични работи на српското семејство кое доживеа трагедија, е сликата на автопатот Скопје-Гевгелија, кај Демир Капија по сообраќајната несреќа која се случи утринава.
Во несреќата, како што веќе информиравме, животот го загуби 63-годишната Миланка К. од Белград, а повредено е четиричлено семејство.
Возачот на „Цитроен“, М.К. (40) изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, по што Миланка починала на лице место, а со повреди покрај него се здобила и неговата сопруга 38-годишната А.К. и нивните две малолетни деца, 3 годишно дете и 9 месечно бебенце, кои се пренесени на скопските клиники.
Полицијта на местото на несреќата изврши увид и се утврдуваат причините за настанување на истата.