СТРАШНО: Помислете пред да се качите – Еве колку од лифтовите во зградите се технички неисправни


Анализата на техничката инспекција на лифтовите во Македонија донесе страшни резултатити. Повеќе од 80 отсто од лифтовите во земјава се технички неисправни но се во функција.Padnat-lift-vo-Goce-Delcev0[1]

 

Исполнувањето на стандардите е строга, но и скапа процедура која чини од 2 до 5 илјади евра по лифт, трошоци кои паѓаат на товар на станарите. Единствената просторија во зградата која не е регулирана со законот е лифтот, па затоа групацијата на лиценцирани управители побараа да се дефинира чија е сопственоста на лифтот за во случај инспекцијата да констатира неисправност одговорноста да не се префрла од едни на други.

Во моментов казните за користењето на неисправни лифтови се движат од 3 до 5 илјади евра, и се на терет на управителите. Тие не се согласуваат да сносат одговорност бидејки велат дека само се должни да раководат околу финансиите на станбената заедница. Иако се уште нема казнети корисници, од групацијата велат дека инспекцијата е на терен и веќе започнала со поднесување на претставки.

Иако законот за домување е донесен во 2009-тата година, официјалните податоци покажуваат дека само 20% од станбените заедници во Скопје имаат регистриран управител. Во останатите градови процентот е многу помал. Законот предвидува и парична казна до 1000 евра за нерегистрирана станбена заедница.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1