СТРАВ ДЕКА ЕБОЛАТА СТИГНА ДО СРБИЈА – Осум лица под надзор 21 ден


8 лица кои во Србија допатувале од ризичните земји каде е раширена еболата се ставени под медицински надзор од 21 ден. Само денес во Србија пристигнале 2 патници од кои еден има запаление на белите дробови, а другиот е заболен од маларија. Обајцата добиле лекар и медицинска сестра кои ги извршуваат сите потребни прегледи. Доколку се појави сомнение за симптоми на Ебола пациентите ќе бидат ставени во карантин, изјавил професор др Миомир Племиш, директор на клиниката за инфективни и тропски болести КЦС.

Засега овие пациенти само се следат, поради фактот дека престојувале во ризичните земји.

ebola345

Според процедурите овие лица, како и сите кои допатуваат од заразените подрачја ќе бидат под надзор од 21 ден колку што трае инкубациониот период на заразата. Тие се должни да се јават кај епидемиолог по пристигнувањето, а засилена контрола се врши и на граничните премини во Србија.

– За тоа време патникот е во контакт со својот епидемиолог и ако се појават симптоми кои можат да се поврза т со еболата, совет е да не се оди на лекар во примарната здравствена заштита, туку сето тоа да биде искоординарно, доколку постои реално сомнение да се префрли на инфективна клиника, вели Бојана Гргиќ, епидемиолог за Ало.Рс.

Под здравствен надзор поради контрола за евентуално ширење на ебола во Србија од петокот ставени се осум луѓе кои допатувале од загрозените подрачја. Тоа е вообичаена процеудра пред заканата за зараза од која од февруари до сега во Африка, починаа 960 луѓе.

Засилени се контролите и поради фактот дека оваа болест можеби стигна во соседството, во Букурешт ,како што соопштија здравствените институции едно лице кое допатувало од Нигерија со симптоми на ебола е сместено во карантин, пишува Ало.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1