Средовечен маж во четвртокот се обидел во својот автомобил да пикне неколку деца додека стоел паркиран пред Основното училиште Коле Рашиќ во Ниш, потврдија од полицијата.
Овој инцидент е пријавен во полиција и интензивно се трага и по автомобилот и по возачот, кој очигледно немал добри намери.
Училишниот полицаец разговарал со децата, а полицијата го прегледувала и видео надзорот.
Српските медиуми јавуваат дека ова не е прв случај маж да намамува деца во возило. Сличен случај се случил и пред една година пред друго основно училиште.