СТРАВИЧНО: Барал музика на мобилниот додека возел, згмечи автомобил во кој била мајка со 3 деца (ВИДЕО)


На интернет се појави страшна снимка на која се гледа како камион се удри во автомобил при што на самото место загинала мајка со трите деца, а сообраќајката се случила поради тоа што возачот барал музика на мобилниот телефон.

Томаш Крокер (30) возејќи со голема брзина удр во автомобилот во кој се возела Трејси Хоугон на автобатот А 34 во Англија. Во автомобилот со неа биле нејзините синови Итан (13), Џош (11) и пасторката Ејми (11).soobrakajka-640x279

Крокер возел околу 80 километри на час не забележувајќи дека дошло до застој во сообраќајот зошто на мобилниот барал музика.

Но, камерата од камионот ја покажа целата силина на ударот од кој настрада целото семејство.

Возачот на камионот е осуден на казна затвор од 10 години, но семејството на загинатите не е задоволно од пресудата.

-Ова не е вистинска казна за злосторството што го направи. Користењето на мобилен телефон додека возел камион го претвори возилото во смртоносно оржје и мора да одговара како што доликува, велат од семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1