Општина Струмица ја доби наградата за најдобра СПА дестинација за бањски туризам од меѓународната организација „СПА номинации“
На вечерашното доделување во хотелот „Александар Палас“ во Скопје беа доделени награди во шест категории. Општина Струмица ја доби наградата за Бања Банско, како најдобра СПА дестинација за бањски туризам.
Одлучуваше меѓународно жири чии членови работат во областа на СПА туризмот. Наградените ќе бидат промовирани во меѓународни рамки на „Балканските СПА награди“ кои ќе се одржат во јуни 2013 година.