На програмата на Ал Џезира Балкан денеска во 17 часот премиерно ќе биде емитуван документарец посветен на трагичниот момент во кој загина поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, соопштуваат од телевизијата.
Емисијата насловена како „Кобна Кота 524“ ќе се обиде да направи досега најцелосен осврт на трагичната авионска несреќа во која животот го загубија претседателот Трајковски и уште девет други патници, велат од таму.