Студентката Јасмин (26) од Лондон, која одлучи да ја продаде својата невиност на оној што ѝ ќе понуди најголема сума, ја прифати великодушната понуда тоа да го направи за 1,2 милиони евра.
Компанијата „Синдерела ескортс“ со седиште во Германија потврди дека „среќниот добитник“ е холивудски актер од Лос Анџелес, кој ги претрка бизнисменот од Минхен и фудбалерот од Манчестер Јунајтед.
Јасмин лани беше во центарот на вниманието откако кажа во јавност дека одлучила да ја продаде својата невиност, со цел да собери пари за да започне нов бизнис.
Состанувањето на Јасмин и актерот од Холивуд ќе се случи следната недела во хотел во Германија. Јасмин, која не сакала да го открие презимето, рекла дека отишла на вечера со сите тројца што се понудиле и доживеала незаборавно искуство.
Таа за „Дејли мејл“ раскажала дека родителите ја поддржувале уште од самиот почеток.
– Имам 26 години и доволно сум зрела сама да одлучам што ќе правам со моето тело. Го запознав актерот чија сум голема обожавателка, причина плус за да бидам нервозна. Можеби сè ќе се промени кога ќе бидеме во хотелот – открила таа.
Со цел да ја одбрани својата одлука, Јасмин рекла дека сите девојки би го направиле истото како неа, отколку првиот сексуален однос да им биде со личност со која подоцна ќе раскинат.