Студент преку оглас бара работа kако порно глумец


Б.К. (25) од Осјека дал крајно несекојдневен оглас. Имено единствена желба на овој млад човек му била да стане порно глумец.


„Порно глумец бара работа. Само сериозни понуди. Без СМС и скриени пораки“, напишал во огласот во весниците.
Со оглед на тоа што е студент, истакнал дека секоја дополнителна работа му е добродојдена. Смета дека има доволно искуство, потребно знаење, а и дека има дарба.

Како што самиот вели, не знаел како поинаку би можел да стигне до ваков филмски ангажман, туку единствено морал преку оглас. На негово изненадување, многу бргу се јавил продуцент, кој го контактирал и му понудил работа.

Но, со оглед на тоа што продуцентите се тие кои што постојано поставуваат некакви услови, Б.К. морал да си најде партнерка за снимањето, што во конзервативна средина би можело да биде малку потешко. По дадениот прв оглас, дечкото дал уште еден, во кој побарал партнерка. Како што вели му се јавиле неколку кандидатки, но морал да ги откаже поради нивната несериозност. Сепак вели дека нема да престане со барањето, затоа што како што вели самиот, верува дека има голем број на девојки кои што би сакале да работат во порно-индустријата, но се плашат поради моралните осуди.

Ниту на него не му било сеедно, затоа што желбата да стане порно глумец не им ја кажал ниту на неговите родители, а ниту на неговата долгогодишна девојка. Сепак се надева дека ќе има прилика да се докаже во неколку порно – филмови и со својот успех ќе го пробие ледот за другите кои евентуално би сакале да се пробијат во овој бизнис.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1