Момче загина во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“. Според првичните информации најверојатно станува збор за самоубиство.
Како што дознава КУРИР, Д. Р. од Прилеп според привичните неофицијални информации се фрлил од четвртиот спрат од студентскиот дом.
Момчето е родено во 1995-та година.
На лице место веднаш пристигнала медицинска екипа. Д.Р. бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде за жал им подлегнал на повредите.