ВИДЕО: Дете стои на работ на прозорец на 8 кат, родителите ги нема


Ова застрашувачко видео беше објавено на видео сервисот Јутјуб каде се гледа како едно дете стои на работ на прозорецот на осми кат. Само еден погрешен чекор и детето можеше лесно да падне, а неговите родители никаде ги нема.

Инцидентот се случил во градот Миас во областа Челјабинск во Русија, како што се коментира на социјалните мрежи.stoidete

Бебето без страв гледа од прозорецот кон земјата и во еден миг дури се чини дека ќе падне, но за среќа остана на неговите нозе и одлучи да се врати внатре.

Соседите од спротивната страна го снимиле инцидентот и веднаш повикале полиција. Полицијата пристигнала за само 15-тина минути и немале можност да ја видат оваа страшна авантура на малото момче.

Полицијата разговарала со родителите на детето и подоцна преку социјалните мрежи соопштила дека станува збор за нормално семејство без никакви проблеми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1