Владата ќе субвенционира компании кои ќе произведуваат струја од сонце од 200 мегавати инсталирана моќност. Фирмите кои ќе сакаат да инвестираат ќе добијат државно земјиште.
Предвидено е првите електрани да се градат во Свети Николе и Македонски брод, а ќе произведуваат струја од која би можеле да се снабдат 43 илјади домаќинства.
Изградбата на фотоволтаични електрани ќе се одвива во три фази во следните 3 години.