Судар на авион и камион во Белград – авионот на Луфтханза со огромна дупка (Фото)


 

Авионот на компанијата Луфтханза Регионал е оштетен откако камион од домашната фирма за кетеринг удрил во него.

До инцидентот дошло во утринските часови, непосредно пред авионот Ембраер 195, да биде опременет од страна на камионот кој доставувал кетеринг.

Возилото на домашната фирма „Аеродром Кетеринг“ му откажале кочниците во последната фаза во приоѓањето на авионот, па во долниот дел од трупот на авионот направил дупка со дијаметар од два метри.

Поради сериозноста на оштетувањето на авионот истиот бил повлечен од сообраќај, а планираниот лет за Франкфурт бил откажан.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1