Женски сомнежи


Уверени, силни, нежни ,, жените се украс на светот. Сепак, секоја од нив колку силна и да изгледа, крие некои сомнежи и несигурност кога станува збор за мажите.

Многу жени, дури и кога тие изгледаат убедени, чувствуваат страв и затоа се несигурни, особено кога станува збор за мажите. Еве кои се стравовите и сомнежите и  зошто се чувствуваат несигурни, според askmen.com.

1-Дали ке ми се јави пак ?
Ако и ветите на жената дека ке и се јавите во четврток тогаш тоа “мора” да биде во четвртокот зошто довербата на  жените се стекнува врз основа на овие ветувања. Ако не сте во можност да го исполните ветувањето, не го правете тоа. Не дефинирајте кога ќе се јавите, да речеме нека биде  – “Ќе ти се јавам.” Подобар начин отколку да се скрши ветување и да ја натерате да го чека залудно вашето јавување.

2-Тој само сака секс
Тешко е за еден маж да ‘игра’  по ова прашање правилно. Ако  премногу брзо и признаете  дека сакате да спиете со неа, таа ќе мисли дека ова е се што сакате. Ако чекате премногу долго, таа ќе мисли дека не е привлечна. Најдобро е да и дадете до знаење дека  сте сериозни со неа , и таа ќе ти каже кога е подготвена за следното ниво.

3-Не сум му доволно интересна
Дури и оние жени кои немаат проблем со самодоверба некогаш знаат  да се запрашаат, “Дали тој е заинтересиран за мене доволно?”. Значи, драги луѓе, ако сте заинтересирани за жена со која сте на било кој начин поврзани , треба да и кажете колку ви значи.

4-Сигурно ке ме изневери
Ако жената се сомнева  за лојалност од нејзиниот маж, тогаш тој мора да се праша зошто е тоа така . Можеби тој и  “дал” причина за сомнеж. Или едноставно жената е  загрижена без причина … Во секој случај, искрена и отворена дискусија е секогаш неопходна.

5-Го задоволувам ли јас него ?
Тоа не се прашуваат само мажите , “дали ке ја задоволам во кревет ?” Во спалната соба ако се оди според планот, обајцата уживаат во сексот, нема причина да се грижите. Меѓутоа, ако мажот не е задоволен поради некоја причина,потребно е тоа да и го каже на својата партнерка .во ваквии ситуации треба да се зборува отворено како би се решил проблемот ,ако се премолчи ваквиот проблем еден од партнерите ке побара утеха во друг кревет. Повторно, искрена и отворена дискусија ги отвара  најтешките  врати.

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1