Судир меѓу шлепер и два „Голфа“


Сообраќајна несреќа во која дошло до судир меѓу шлепер „Мерцедес“ со скопски таблички и два автомобили „Голф“, едниот со скопски, другиот со охридски регистерски таблички, се случи вчера попладнето на магистралниот пат Велес-Скопје кај мостот Отовица.

policija stopВо несреќата полесно повредена е 55 годишната Германка Г.Ф.Б., со привремен престој во Скопје, која го возела охридскиот „Голф“.

Таа била пренесена во Медицинскиот центар во Велес каде по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

Возачот на шлеперот, скопјанецот Љ.П. (53) и 34 годишната Б.С. од Скопје која управувала со другиот „Голф“ поминале без повреди.

Сообраќајот на овој магистрален пат по несреќата беше во прекин.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1