Остварено претскажувањето на баба Ванѓа: Порои ќе нe удават во доцната пролет 2014, ќе има река од трупови!


Бугарските медиуми деновиве се повикуваат на разговорот кој го објави украинскиот бизнисмен Анатолиј Лубченко, што го водел со баба Ванѓа од Бугарија, непосредно пред нејзината смрт. Во разговорот, уште тогаш објавен на Радио „Украина“ во Киев, баба Ванѓа, на Лубченко му открила детали од нашата блиска иднина.

Украинскиот бизнисмен, Анатолија Лубченко објави разговор што го имал со познатата бугарска јасновитка,Вангелија Гуштерова односно баба Ванѓа, непосредно пред нејзината смрт во 1996 година. Во разговорот таа вели дека во 2014 година ќе има многу човечки трупови.

vanga-540x376

Според пророштвото на баба Ванѓа, светот на пролет би требало да очекува големи поплави кои со себе ќе донесат „реки од трупови“. Не прецизирала кој дел од Земјата ќе биде погоден, но разни јасновидци пророчуваат дека се работи за повеќе различни поплави ширум светот, кои ќе се случат по топењето на снегот.

И кога катастрофата ќе помине и ќе помислиме дека сме безбедно, ќе не чека уште поголем пекол, според баба Ванѓа. Се работи за болест на кожата, епидемија наводно поопасна од СИДА, а ќе ги покоси мажите. Пророштвото вели дека ќе умираат во страшни маки, а телата ќе им бидат полно со гнојни чиреви.

Во Бугарија поплавите досега однесоа 14 жртви, а понеделник е прогласен за Ден на жалост во земјата.

Се верува дека баба Ванѓа ја претскажа смртта на принцезата Дајана, на Хитлер, неславниот пад на Сталин, нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк, распадот на СССР, датумот на смртта на бугарскиот крал Борис Трети, како и датумот на сопствената смрт.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1