Верижен судир во кој учествувале 14 возила се случи попладнево околу 18:45 часот на автопатот Градско-Велес.
Според првичните информации нема повредени лица, а причинета е само материјална штета.
Сообраќајот на овој дел е во прекин за сите видови возила и истиот се пренасочува по спореден пат само за патничките возила, информираат од АМСМ.
Полицијата е на терен и врши увид.