Авиокомпаниите мораат да им платат на патниците надомест кога ќе го одложат летот поради непредвидени технички проблеми.
Вака одлучи судот на Европската унија, според кој авиокомпаниите на своите патници мораат да им платат оштета за каснење или одложување на летовите поради технички проблеми, акти на саботажа и терористички напади.
Досега, компаниите одбиваа да платат обештетување доколку каснат или одложуваат поради некои наведени причини.
Обештетувањето во зависност од времето на каснење и други околности ќе изнесува помеѓу 250 и 600 евра.