Говор кој го воодушеви светот: За само 10 минути, најскромниот претседател ќе го засакате уште повеќе (ВИДЕО)


Хосе Мухика, кои некои од милост го викаат Пепе, беше претседател на Уругвај од 2010 до 2015 година, а граѓаните ширум светот го засакаа поранешниот претседател откако медиумите почнаа да пишуваат за неговите многубројни несебични дела.

На пример, Мухика уште минатата година изјави дека ќе прими стотина деца кои останаа без своите домови во Сирија, велејќи дека тоа е само „капка во океанот, но дека секој труд на секоја држава е важен”.

Тој предложи бегалците се сместени во претседателското летувалиште, вилата покрај реката опкружена со пасиштаuruguay_04

Покрај сириските бегалци, Мухика во Уругвај реши да прими и некои од затворениците од Гвантанамо бидејќи смета дека Гвантанамо е срамотна дамка во американската историја.

– Тоа не е затвор, тоа е кафез полн со киднапирани луѓе. Тоа е срамота – коментира Мухика.

Главно, за неговите дела сме пишувале многу пати, а овој пат се работи за 47 секунди долгиот исечок во кој Мухика зборува за “вистинската цена на работите”, а кое за само неколку дена е прегледано повеќе од 3,5 милиони пати.

Мухика во краткото видео зборува за парите, а многумина оваа негова изјава ги натера да се подзамислат:

„Сами создадовме планина од вишок потреби. Купуваме ново, го отфрламе старото. Тоа е трошење на нашите животи. Кога нешто ќе купиме, ние не го плаќаме тоа со пари. Го плаќаме со часовите од нашите животи кои сме ги потрошиле заработувајќи ги тие пари.Разликата е во тоа дека животот е единствената работа која не можете да ја купите со пари. Животот само станува пократок. И жалосно е што човекот така ги троши животот и слободата“.

Инаку, се работи за дел од поголемо интервју во документарецот на режисерот Јан Артус Бертранд, наречен „Human“ кој можете да го погледнете во продолжение, а Мухика е само еден од учесниците во филмот во кој учествуваа преку 2.000 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1