Судот одлучи: Лото добивката од два милиони евра ја добива екс сопругата – тој добива 0!


Брачниот пар од Амстердам бил во фаза на развод кога жената добила 2,1 милиони евра на лото. Мажот кој се разведувал поради помлада девојка, барал дел од парите – но добил нула!

Аргументот на невериниот сопруг бил дека во текот на 30 годишниот брак, тој и сопругата уплатувале лото со заеднички пари па затоа половина од парите добиени на лото треба да му припаднат нему!pari evra 33

Но, судот се повикал на пописот на имотот кој требало да се дели во моментот кога било поднесено барањето за развод. Со оглед на тоа што лото – добивката пристигнала подоцна, за време на бракоразводната парница, судот одлучил дека право на парите има само изневерената сопруга!

И не само тоа – судот се повикал на „познатиот податок“ дека неверниот сопруг 4 години пред почетокот на разводот живеел со новата девојка, па немало никаква шанса лото – лозот да бил купен со заеднички пари.

Така жената ги добила сите 2,1 милиони евра, а тој половина од заедничкиот имот додека биле во брак, кој вкупно изнесува 10 000 евра!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1