Судот реши: Самарџиски ќе си лапне 185.660 евра од Црвена Ѕвезда


Кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда на бившиот центар Предраг Самарџиски ќе мора да му исплати 185.660 евра, решил Судот за арбитража на ФИБА (БАТ). Судот утврдил дека црвено-белите на македонскиот кошаркар му долгуваат 173,750 евра, плус камата од пет отсто затоа што долгувањата не се исплатени од 26 јуни минатата година.

samardjiskiПокрај тоа, Црвена Ѕвезда ќе мора да ги покрие и трошоците за судење од 11.910 евра.
Македонскиот репрезентативец во редовите на белграѓани дојде на половина од минатата сезона од Лиевутос Ритас. Играше за Ѕвезда во Купот Радивој Кораќ и АБА лигата, но не беше лиценциран за Суперлигата. Доби отказ со образложение дека не прикажувал игра која од него се очекувала.

Тој во својата тужба тврдел дека Ѕвезда не му ги исплатила сите долгувања за плата и бонуси и дека договорот е раскинат без основ. Од другата страна тврделе дека до раскинување на договорот дошло поради лошата игра на македонскиот кошаркар, ама дека клубот сака да се спогоди. Ѕвезда понудила да му исплати 103.750 евра на 12 месечни рати, што Самарџиски го одбил. БАТ утврдил дека Црвена Ѕвезда на Самарџиски му платила само 10.000 евра и поради тоа е донесена пресуда во негова корист.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1