Супервулкан може да биде причина за глобална катастрофа


Во заливот на Неапол, во близина на некогашниот римски град Помпеја, кој што бил затрупан во 79 година пред нашата ера, поради ерупцијата на некогашниот вулкан Везув, (катастрофа во која што загинале илјадници луѓе), се наоѓа супервулкан кој што би можел да убие милиони.

Ексепертите предупредуваат дека на древниот римски град може да му се случи многу поголема катастрофа од првата. Купче зовриена кал и сулфурна пареа излегува од дупката која се наоѓа во земјината кора во областа западно од Неапол. Позната како „Campi Flegrei ili Philegraean Fileds“, име кое потекнува од грчкиот збор за пожар, во моментов е доста популарна туристичка атракција. Но, оваа сезмичка активна зона, која древните жители ја сметаа за влез во пеколот, претставува опасност од глобални размери, поради тоа што милиони луѓе живеат во близина на масовниот вулкански кратер.

„Оваа област во секој момент може да биде подложна на ерупција со глобални катастрофални последици, споредливи со тие на пример со удар на метеор“, предупредува истражувачот Џузепе Де Натале.

Тој е предводник на тимот кој што планира да направи дупка, длабока 3,5 километри, за да има можност да проучи што се случува во огромната комора на стопената карпа во близина на Помпеја, со цел да биде во можност да обезбеди навремено предупредување за можна ерупција во кратерот кој што е широк 13 километри. „Campi Flegrei“, е сличен на кратерот во националниот парк Јелоустон во САД, но е многу поопасен затоа што се наоѓа во област населена со три милиони луѓе.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1