Го претепала дечкото со шипка за стриптиз


Сара Хауел од Тексас е уапсена откако нејзиното момче повикало полиција и се жалел дека физички е нападнат од својата девојка.

Кога полицијата направила увид утврдила дека Сара го нападнала момчето и буквално го претепала со шипка за стриптиз. Потоа го поливала со врело масло додека лежел повреден. Едвај успеал да се заклучи во собата и да повика полиција.

Полицијата ја пронашла и крвавата метална шипка – розе боја. Девојката се обидела да исценира дека тој ја тепал неа. Плачела и покажувала модринки. За среќа на несреќното момче – нападот го снимил со мобилниот телефон кој го оставил во собата, па полицијата накрајот ја уапсила неа. Изјавил дека не е прв пат да го тепа.

Девојката е уапсена, а се работи за познат престапник. Таа и претходно била во затвор – одлежала 2 години откако му нанела тешки повреди на порнешното момче и тоа со гребло.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1