Сурова судбина: Таткото на Брена починал на нејзиниот роденден, мајка и на слава


Лепа Брена не престанува за плаче поради смртта на нејзината мајка Ифет Јахиќ (81), која почина завчера во една болница во Земун, токму на денот на нивната слава.

Пејачката во сурова игра на судбината на својот роденден пред четири години остана без нејзиниот татко Абид, кој по сообраќајна несреќа ја изгуби битката со животот.brenamajkas

Сопственичката на „Гранд Продукција“ не може да се помири со фактот дека ја изгуби личноста која најмногу ја сакала и и била посветена целиот живот.

Нејзиниот сопруг Боба и најмладиот син Виктор постојано се околу неа и се трудат ништо да не и недостига, бидејќи минува низ најтешките моменти во животот.1brenamajkas

-Таа не може да престане да плаче бидејќи многу и е жал. Никогаш не се чувствувала така и буквално никој не може да ја препознае. Никогаш ја немаат видено во вакво издание,  ова е шок за неа. Беше многу приврзана за мајка и, но од секогаш се плашеше за нејзината смрт. Откако татко и почина пред четири години, ова е втор силен удар за неа, открива извор.

Брена едвај чека постарата сестра Фикет да дојде од Канада и да ја прегрне, бидејќи и двете минуваат низ истото.

Вистина.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1