ФОТО: Ова се 9-те најбогати Македонци- меѓу нив една жена


Според истражувањето спроведено од Европската компанија за истражување на богатство Велт Х, во Македонија има 35 мултимилионери. Заедно, тие вредат околу 4 милијарди долари или во просек секој од нив располага со над 100 милиони долари.

Еве кои се деветте најбогати Македонци:

minco jordanov

 

1. Минчо Јорданов – најбогатиот човек во Македонија. Тој својата кариера ја започнал во 1992-ра година каде што бил ангажиран во фирмата „Дуферко“ С.А. од Лугано, компанија од челичниот сектор. Од 1994 година, тој е член на Бордот на директор и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз. Веќе во 1997-ма година станува претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД Скопје и член на Бордот на „Дуферко“.

Тој поседува 23 отсто акции во градежната компанија “Бетон“. Јорданов е сопственик на 21,3 од акциите и во РЖ „Интер трансшпед“, „Макстил“, пак, поседува 21,37 отсто од акциите на РЖ „Економика“, додека „Репро уан лимитед“ поседува 80,96 во РЖ КПОР.

Неговото семејство е сопственик на клиниката „Ремедика“ и на дневниот весник „Нова Македонија“. Јорданов неодамна ја отвори и винарниицата „Стоби“ во која инвестираше 20 милиони евра.

 

2. Штерјо Наков – е вториот најбогат бизнисмен во Македонија. Тој поседува шпедитерска компанија, брокерска куќа, винарска визба и повеќе хотели.sterijo nakov

Во шпедицијата „Фершпед“ доминантни акционери се синовите, Драган Наков кој има 11,83 отсто од обичните акции, а неговиот брат Сашо Наков има 11,04 отсто од обичните акции на „Фершпед“. Моменталната вредност на акциите на Наков се проценува на 3.5 милиони евра.

Компанијата е доминантен сопственик и на хотелите „Александар палас“, „Фершпед Маврово“ и на охридските „Метропол“ и „Белви“. На лично име, или преку капитално учество на „Фершпед“ и фирмите во кои компанијата е мнозински сопственик, Штерјо Наков поседува капитал уште во најмалку десетина компании.

3. Кочо Анѓушев – еден од основачите на “Брако“ од Велес. Во 2003 година го основа друштвото за вработување на инвалидни лица за производство, трговија и услуги „Фероинвест“ ДОО експорт-импорт – Велес.

koco-angjusev-mji-05

 

Тоа е дел од конзорциумот што доби концесија за изградба на 21 мала хидроелектрана во Македонија. Во истата година „Фероинвест“ станува сопственик на 50 отсто од капиталот на компанијата „Брако“. Во 2003 година Анѓушев го основа претставништвото на швајцарската групација ЕФТ, а подоцна и фирмата „ЕФТ Македонија“, добива лиценца за трговија со електрична енергија.

Како резултат на добиениот грант од Холандија од 1,5 милиони евра, во 2007 година е основана фирмата „Брако веигхпак“, чиј управител е Анѓушев.

 

4. Живко Мукаетов – главен менаџер на “Алкалоид“ и поседува околу 6.58 отсто од вкупно акции во комапнијата. Сумата на вкупно акции кои ги има Мукаетов изнесува 6.7 милиони евра.

zivko mukaetov

Над 5 отсто од акциите во компанијата поседува и Билјана Јованова. Нејзините акции на берзата се проценети на околку 5 милиони евра.

5. Шефки Идризи – еден од најбогатите тетовци. Во 1992 година Шефки Идризи ја отвори фирмата „Ренова“ во село Џепчиште, Тетово, како трговско-услужна фирма. Со своите производи направи револуција на домашниот пазар, а се’ поголемата побарувачка придонесе да никне и првиот производствен капацитет на готовите малтери.

SHefki-Idrizi

Во 1999 година „Ренова“ почнува да ја гради втората фабрика во „Гуреза–Косово“ со двапати поголем капацитет.

Фирмата на Идризи е генерален претставник на боите на „Карбон“ од Загреб.

 

6. Сашо Давитковски – првиот човек на “Скопски пазар“. Тој поседува најголем број акции во СП. На свое име Тодорка Давитковска има 13,12 отсто од вкупниот број обични акции, а синовите Сашо и Тошо имаат по 8,68 отсто, односно 6,56 проценти, според последните податоци на ЦДХВ.

saso davidkovsko skopski pazar

Заедно Давитковски поседуваат 28,36 отсто од акциите на компанијата, вредни, според актуелната просечна цена на Берзата, речиси 2 милиона евра.

 

 

7.Душко Туџаров – дел од групацијата “Реплек“ АД Скопје. Според податоците од Централниот депозитар, во „Реплек“ најголем акционер е компанијата „Хенделс“ со 20,24 отсто, но веднаш потоа следуваат Славица Туџарова-Трајковска со 11,57 отсто од акциите и Иван Туџаров со 11,32 отсто.

dusko-tudarov

Компанијата „Реплек“ поседува 9,95 отсто од акциите. Акциите на Туџарови вредат 4 милиони евра.

8. Кристина Тодоровиќ –генерален директор на синџирите “Тинекс“ и дрогериите “Космо“.

intervju-kristina-nikolic500

Се смета дека вредноста на акциите на “Тинекс“ околу 80 милиони евра, кои се наменети за развој и проширување на бизнисот.

9.Благој Механџиски – основач на “Зегин“, прва приватна комапнија за продажба и производство на лекови во Македонија, регистрирана во 1989-та година.

mehandjiski(1)

Се’ до 2006 година компанијата опстојува со 100 отсто учество од основачот, додека во 2006 година во компанијата влегува странски капитал со 50 отсто учество на странските партнери.

Странскиот партнер е „Мајлстон“ од Исланд. Од 2007 година е сопственик на винарницата „Лозар“

(Засе)

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1